Бајден кажа дека војската ќе интервенира ако Трамп не сака да замине

Претседателскиот кандидат на американски демократи Џо Бајден изјави денес дека го загрижува тоа што претседателот Доналд Трамп ќе се обиде да ги „украде“ изборите во ноември, но е сигурен дека војниците ќе го изнесат од Белата куќа ако изгуби и ако не сака да го прознае резултатот.

EPA-EFE

„Тоа многу ме загрижува: претседателот ќе се обиде да ги украде изборите“, кажа Бајден денес.

Тој не прецизираше како републиканецот Трамп би можел да мами на изборите. Но, поранешниот американски потпретседател потсети дека Трамп жестоко се противи на гласањето преку пошта и најави дека демократите ќе имаат адвокати на гласачките места за да ги спречат републиканците да манипулираат со ливчињата.

Трамп во неколку наврати го критикуваше дописното гласање, тврдејќи без докази дека поголемиот удел на дописни ливчиња би довел до масовна кражба на гласовите на 3 ноември.

Бајден истакна дека коментарите на поранешните воени команданти, кои ја критикувале Трамповата реакција на протестите против полициската бруталност, го увериле дека американската војска ќе интервенира ако Трамп не ги признае резултатите на изборите.

„Апсолутно сум уверен дека експресно ќе го изнесат од Белата куќа“, кажа Бајден.

Тој и претходно јавно предупредуваше дека Трамп би можел да мами на изборите. Но, неговата реторика се заостри во последните месеци, во време кога анкетите покажуваат предност на поранешниот потпретседател над претседателот и кога Трамп сѐ повеќе се противи на дописното гласање.

Трамп и републиканците сметаат дека на дописното гласање може да се мами и дека тоа ги фаворизира демократите, иако тоа го демантираат независни судии.

Трамповиот изборен штаб одби да ја коментира изјавата на Бајден.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе