Бајден ја прекинува американската поддршка за офанзивата во Јемен предводена од Саудијците

Претседателот Џо Бајден ќе објави крај на поддршката на САД за петгодишната воена офанзива предводена од Саудиска Арабија во Јемен, која ги продлабочи страдањата на жителите на најсиромашната земја на арапскиот полуостров, изјави советникот за национална безбедност Џејк Саливан.

Фото: ЕПА

Бајден планира САД да „играат поактивна и поинтензивна улога“ за војната да се прекине со дипломатија, рече Саливан на брифингот во Белата куќа пред Бајден да се обрати во Стејт департментот.

Со ова Бајден го исполнува ветувањето од кампањата, а тоа нема да влијае на ниедна американска операција против групата Ал каеда на Арапскиот Полуостров со седиште во Јемен или групата АКАП, рече Саливан.

Јемен, библиското кралство Шеба, има еден од најстарите постојано окупирани градови во светот - над 2.000 години старата Сана, заедно со облакодерите од тули од керпич и неверојатно убавите пејзажи на стрмни, суви планини, вели АП. Но децениите на лошо управување на Јемен ги продлабочија поделбите на фракции и го запреа развојот, а во повеќегодишниот конфликт сега интервенираат Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Иран, за кои официјалните лица велат дека добиваат сѐ поголема поддршка од борците хути во Јемен.

Администрацијата на Обама во 2015 година ѝ одобри на Саудиска Арабија да врши прекугранични воздушни напади врз бунтовниците хути, кои ја зазедоа Сана и уште една територија и повремено лансираа ракети во Саудиска Арабија.

Нападите предводени од Саудиска Арабија, придружувана првенствено од Обединетите Арапски Емирати, друга земја од Заливот, само „ја продолжи граѓанската војна во Јемен“ и „доведе до хуманитарна криза“, рече Саливан. Американските официјални лица веќе ги известиле високите претставници на овие две земји за да го образложат повлекувањето на поддршката, рече тој.

Некои од другите мерки на неколкунеделната администрација на Бајден се паузирање на продажбата на оружје за Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати и преиспитување на категоризацијата на Трамповата администрација дека хутите се терористичка група. Критичарите велат дека оваа категоризација ја попречува испораката на хуманитарна помош за Јеменците.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе