Бајден ја поништи одлуката на Трамп, им дава 235 милиони на Палестинците

Администрацијата на претседателот на САД Џо Бајден планира да издвои 235 милиони долари помош за Палестинците, за повторно да го придвижи финансирањето на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) и другата помош која ја укина поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

EPA-EFE

Се очекува Стејт департментот да претстави пакет на хуманитарна, економска и безбедносна помош, како дел од напорите да се поправат односите на САД со Палестина.

Помошта за Палестинците ќе биде најзначајниот потег на Џо Бајден од преземањето на должноста претседател на САД на 20 јануари, особено ако се има предвид дека претходниот пристап на Трамп го оцени како пристрасност кон Израел.

Планирано е на Палестинците да им се помогне со 150 милиони долари за УНРВА, и за финансиска поддршка и финансирање на развојот да се издвојат 75, односно 10 милиони долари.

САД за УНРВА во 2017 година издвоија 365 милиони долари.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе