Се очекува Стејт департментот да претстави пакет на хуманитарна, економска и безбедносна помош, како дел од напорите да се поправат односите на САД со Палестина.
Помошта за Палестинците ќе биде најзначајниот потег на Џо Бајден од преземањето на должноста претседател на САД на 20 јануари, особено ако се има предвид дека претходниот пристап на Трамп го оцени како пристрасност кон Израел.
Планирано е на Палестинците да им се помогне со 150 милиони долари за УНРВА, и за финансиска поддршка и финансирање на развојот да се издвојат 75, односно 10 милиони долари.
САД за УНРВА во 2017 година издвоија 365 милиони долари.