Бајден: Имав многу добра средба со Ердоган во четири очи

Претседателот на САД, Џозеф Бајден, рече дека имал „многу добра средба“ со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на самитот на НАТО во Брисел.

Фото: ЕПА

Бајден ја даде изјавата по повеќе од еден час состанок со Ердоган насамо, а потоа им се придружија и други официјални лица.

Бајден се очекуваше да покрене низа прашања со Ердоган, вклучувајќи ги Авганистан, Сирија и турското купување на развиените руски ракетни системи, што ги комплицира односите на Вашингтон со Анкара.

„Имавме позитивен и продуктивен состанок, поголем дел во четири очи“, рече Бајден на прес-конференцијата по нивниот состанок во Брисел.

„Нашите тимови ќе ги продолжат нашите дискусии и уверен сум дека ќе направиме вистински напредок со Турција и Соединетите Држави“, додаде тој.

Ердоган ги окарактеризира своите разговори со Бајден на маргините на самитот на НАТО како „продуктивни и искрени“.

„Сметаме дека нема никакви проблеми меѓу односите меѓу САД и Турција што се нерешливи и дека областите на соработка за нас се побогати и поголеми од проблемите“, рече тој.

И покрај нивниот јавниот оптимистички тон, ниту едниот и другиот не дадоа детали за тоа како точно ќе ги поправат односите ниту претставија чекори што ќе помогнат да се намалат тензиите меѓу НАТО-сојузниците, вели Ројтерс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе