Си-ен-ен

Бајден и Путин повеќе не можат да се откажат, мирното решение е речиси невозможно

Психолошката војна меѓу Русија и Америка за Украина брзо се приближува до точката кога мирното решение на кризата може да стане невозможно, вели Си-ен-ен. Американскиот претседател Џо Бајден се најде во отворен конфликт со рускиот претседател Владимир Путин, кој ја користи Украина како заложник додека се обидува да ги принуди САД да преговараат за одамна одлучениот исход на Студената војна.

Фото: ЕПА

Ниту еден претседател не смее да попушти. Попуштањето изгледа малку веројатно со оглед на тоа колку од сопствениот политички кредибилитет вложиле во конфликтот околу Украина, пишува Си-ен-ен. Иако многу Американци ја гледаат кризата во Украина како проблем што не ги засегнува, особено поради нивните сопствени проблеми, како пандемијата и зголемената инфлација, факт е дека двете водечки светски нуклеарни сили се најдоа во најсериозно испитување на силите од падот на Советскиот Сојуз.

Си-ен-ен потсетува дека руската инвазија на Украина може да го предизвика најголемиот конфликт меѓу конвенционални војски во Европа од крајот на Втората светска војна. Влогот за Америка е голем - кредибилитетот на САД во очите на Западот, односно глобалната перцепција за американската моќ, но и веројатноста за реални последици што Американците би можеле да ги почувствуваат дома, како што е зголемување на цените на енергијата предизвикани од кризата.

Америка, вели Си-ен-ен, сигурно нема да се согласи со барањата на Путин, кои тешко би го компромитирале НАТО.

Од друга страна, американските закани за Русија со досега невидени санкции беа неуспешни. Напротив – владата во Киев тврди дека Русија е при крај со трупањето војска долж границата со Украина. Според тоа, Путин има повеќе од 100.000 војници на границата со Украина, што му овозможува да почне голема инвазија во секое време, според Си-ен-ен.

Што навистина сака Путин?

Путин сака да ги држи своите противници во неизвесност, вели Си-ен-ен. Некои аналитичари сметаат дека рускиот претседател блефира, односно дека ја создал заканата од инвазија за да влезе во преговори со Америка од позиција на моќ. Други мислат дека Путин се обидува да ја дестабилизира Украина играјќи со чувствата на националистите во Русија и со тоа да си ја зголеми популарноста во својата земја.

Но можно е Путин да ја „намирисал“ американската слабост и поделбите во Европа и резонира дека сега е вистинското време да се урнат надежите на Украина за прозападна иднина, се вели во анализата на Си-ен-ен. Со оглед на тоа колку од сопствениот престиж инвестираше во украинската криза, а САД одбиваат да ги исполнат неговите барања, малку е веројатно дека едноставно ќе го признае поразот и ќе се повлече.

„Единственото нешто во кое сум сигурен е дека одлуката е целосно, целосно и исклучиво на Владимир Путин. Никој друг нема да ја донесе таа одлука, никој друг нема да влијае на тоа“, рече американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција во Белата куќа во средата.

За Владимир Путин, поранешен офицер на КГБ, падот на Советскиот Сојуз е историска катастрофа. Путин го гледа проширувањето на НАТО на исток како понижување на големата руска цивилизација. Ова објаснува зошто тој го побара од Бајден она што американскиот претседател не може да го прифати, вклучително и гаранција дека Украина никогаш нема да се приклучи на НАТО и повлекување на западните сили и оружје од земји како Полска и Романија.

Во изминатата деценија, Путин се обиде да ја врати руската сфера на влијание врз поранешните советски држави, како што е Украина. Ова резултираше со анексијата на Крим во 2014 година, но и неодамнешното задушување на протестите во Белорусија и Казахстан.

Со оглед на автократската природа на режимот на Путин, јасно е дека тој не може да толерира просперитетна, прозападна демократија во Украина. Таквото нешто би можело да стане пример за Русите, на кои им е преку глава од неговото долгогодишно владеење проткаено со корупција и репресија.

Друга важна компонента на проектот на Путин е уништувањето на угледот на Западот, а особено на САД. Иако сè уште не е целосно јасно дали руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година беше клучно, факт е дека тоа ослободи деструктивни сили во Соединетите Држави. Кандидатот што тој го поддржа, Доналд Трамп, сега го предводи нападот врз американската демократија, што совршено се совпаѓа со целите на Путин.

Во исто време, Бајден е ослабен во својата земја бидејќи Трамп се погрижи милиони Американци да го гледаат како нелегитимен претседател, што Путин секако го пречека со восхит.

Во секој случај, и Путин и Бајден се најдоа во ситуација кога не смеат да попуштат во играта на покер со најголеми влогови. Како таа ќе се одвива, ќе покажат деновите што доаѓаат.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе