Бајден и Путин имаа уште еден напнат телефонски разговор

Бајден го повикал рускиот лидер да ги „смири тензиите“ со Украина.

Фото: ЕПА

Американскиот претседател Џо Бајден вчера го повикал рускиот претседател Владимир Путин да ги „смири тензиите“ по трупањето руска војска на украинската граница, во нивниот втор напнат разговор откако Бајден стана претседател. Бајден му рекол на Путин и дека САД „ќе дејствуваат цврсто во одбрана на своите национални интереси во врска со руските сајбер-упади и мешање во американските избори“, според Белата куќа.

Бајден предложил самит во трета земја „во следните месеци“ за да разговараат за сите отворени прашања меѓу САД и Русија, соопшти Белата куќа.

Западот е сѐ позагрижен поради зголеменото прекршување на прекинот на огнот во источна Украина, каде што сепаратистите поддржани од Русија и украинските сили се во конфликт уште од руската анексија на украинскиот полуостров Крим во 2014 година.

Бајден „ја нагласи непоколебливата посветеност на САД кон суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, се вели во соопштението на Белата куќа. Украина соопшти дека Русија има 41.000 војници на границата со источна Украина и уште 42.000 на Крим. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во вторникот рече дека трупањето војска во изминатите три недели е дел од вежбите за подготвеност како одговор на „заканите од НАТО“. Белата куќа не соопшти детали за времето и локацијата на средбата што ја предложил Бајден.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Западот може да му послужи на остатокот од светот како изложба на ужасни и очигледно неуспешни идеи, меѓу кои се и комунизмот, фашизмот, нацизмот, феминизмот, анархизмот и, во последно време, либерализмот.

повеќе

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе