Бајден и Макрон повторно телефонски разговараа за кризата со подморниците

Американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговараа во петокот за да ги решат несогласувањата по кризата со подморниците, а Белата куќа ја потврди посетата на американската потпретседателка Камала Харис во Париз.

Фото: ЕПА

Двајцата лидери разговараа за неопходните напори за зајакнување на одбраната на Европа, истовремено обезбедувајќи комплементарност со НАТО, соопшти американската влада.

Разговорот меѓу Бајден и Макрон е одржан пред нивнaтa средба по повод Г-20 во Рим кон крајот на октомври, по што следи посета на Камала Харис на 11 и 12 ноември во Париз, кога ќе биде примена од претседателот Макрон.

Харис и Макрон „ќе разговараат за важноста на трансатлантските односи за светскиот мир и безбедност и ќе инсистираат на важноста на нашето партнерство за планетарните предизвици како што се ковид-19 и климатската криза“, соопшти Белата куќа.

Со разговорот меѓу двајцата лидери и посетата на Камала Харис треба да се подобрат односите меѓу Париз и Вашингтон по кризата предизвикана со објавувањето на новиот сојуз меѓу Соединетите Држави, Австралија и Велика Британија.

Тоа партнерство наречено АУКУС го предизвика гневот на Франција бидејќи пропадна мега договорот за австралиското купување на француските подморници.

Тоа е најсериозната дипломатска криза меѓу историските сојузници по француското одбивање да ѝ се приклучат на Америка во војната во Ирак во 2003 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе