Бајден и Џонсон се состанаа во САД на разговори за опасностите од климатските промени

Американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Борис Џонсон разговараа за опасностите од климатските промени на состанок во Овалната соба, со цел да се истакне американско-британската алијанса, и се пошегуваа во врска со радостите од патување со воз.

Фото: ЕПА

Бајден му порача на Џонсон, кој беше загрижен дека неговиот топол однос со поранешниот претседател Доналд Трамп може да им наштети на односите со демократскиот лидер, дека со нетрпение очекува да дојде во Велика Британија на конференција за глобалното затоплување подоцна оваа година.

„Фантастично е да се види дека САД навистина напредуваа и покажаа вистинско, вистинско лидерство“, рече Џонсон, зборувајќи за проблемот со глобалното затоплување.

Под водство на Бајден, САД го обновија ветувањето дека ќе ги намалат емисиите на стакленичките гасови и ветија дека ќе финансираат проекти за борба против климатските промени.

Џонсон од Генералното собрание на ОН во Њујорк со возот Амтрак дојде во Вашингтон, за да се сретне со Бајден. „Те сакаат“, му рече Џонсон на Бајден, мислејќи на персоналот на американската железница.

Бајден бил редовен патник на меѓуградските возови повеќе од 30 години.

„Ќе разговараме за трговија“, рече Бајден на прашањето за потенцијалниот трговски договор меѓу Велика Британија и САД, што би било важно за Велика Британија по брегзит.

Џонсон прво се сретна со потпретседателката Камала Харис, која рече дека САД и Велика Британија се повеќе меѓусебно поврзани од кога било досега. Борбата против пандемијата и климатските промени и поддршката на демократијата низ целиот свет остануваат врвни приоритети за двете земји, рече Харис.

Џонсон ја пофали улогата на американската војска во „воздушниот мост во Кабул“ и се заблагодари на американската влада за укинувањето на минатогодишната забрана за увоз на британско говедско месо, воведена по појавата на болеста кравјо лудило.

„Сакам да ѝ се заблагодарам на американската влада, на вашата влада, на многуте начини на кои сега соработуваме, на повисоко и поинтензивно ниво“, рече Џонсон.

Владата на Џонсон ја гледа посетата како триумф, покажувајќи дека Велика Британија може да нанапредува на светската сцена по напуштањето на Европската унија, а американско-британските разговори во Белата куќа се случуваат во екот на спорот со Франција, членка на ЕУ.

Договорот за нов безбедносен сојуз што неодамна го објавија САД, Велика Британија и Австралија заврши на штета на Франција, поради што таа ги повлече своите амбасадори во САД и Австралија и го откажа состанокот за одбранбени прашања со Велика Британија.

Поради тој троен договор на Франција ѝ пропадна договорот за продажба на подморници на Австралија, која сега се сврте кон САД и Британија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе