Бајден го призна турскиот геноцид врз Ерменците

Американскиот претседател Џо Бајден денес направи историски потег.

Фото: ЕПА

Имено, денес Бајден официјално го нарече геноцид масакрот извршен за време на Османлиското царство врз Ерменците во 1915 година, и оваа историска декларација може да ја налути Турција и потенцијално дополнително да ги наруши нестабилните односи меѓу двата НАТО сојузници.

Потегот од една страна е симболичен, но сепак значи прекин на децениската практика на внимателното користење термини што доаѓаат од Белата куќа за да не се навредат Турција и нејзиниот лидер Ердоган.

Претходниците на Бајден го признаа масовното убиство на Ерменците, но не го користеа терминот геноцид поради турските приговори.

Ерменската дијаспора во Соединетите Држави ќе го прослави овој потег на американскиот претседател во време кога Анкара и Вашингтон не се согласуваат за низа политички прашања.

„Американскиот народ ги почитува сите оние Ерменци кои загинаа во геноцидот пред 106 години“, се вели во изјавата на Бајден.

Денес ширум светот се одбележува Денот на сеќавање на жртвите од геноцидот врз Ерменците.

Пред една година, Бајден како претседателски кандидат учествуваше на комеморацијата за 1,5 милиони убиени Ерменци во Османлиското царство, а тогаш рече дека ќе ги поддржи напорите за признавање на геноцидот.

„Денес се сеќаваме на злосторствата со кои се соочи ерменскиот народ во Мец Јехерн, се сеќаваме на геноцидот врз Ерменците. Ако бидам избран, ветувам дека ќе ја поддржам резолуцијата за признавање на геноцидот врз Ерменците и дека универзалните човекови права ќе бидат врвен приоритет“, објави тогаш на Твитер.

Турција признава дека многу Ерменци биле убиени во Османлиското царство за време на Првата светска војна, но тврди дека се работи за многу помалку жртви и дека властите систематски не убивале Ерменци.

Потегот на Бајден да го признае геноцидот дополнително ќе ги наруши веќе лошите односи меѓу НАТО сојузниците, предупреди во вторникот турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе