Во интервју за Си-би-си њуз, американскиот претседател беше запрашан што би му рекол на Путин доколку размислува за употреба на хемиско или тактичко нуклеарно оружје.
„Немој, немој, немој. Ќе го промениш лицето на војната како ништо друго од Втората светска војна“, рече Бајден.
Американскиот претседател одби да елаборира што би направиле САД доколку Путин отиде толку далеку.
„Тие ќе станат презрени во светот многу повеќе отколку што некогаш биле. И во зависност од обемот на она што ќе го направат, ќе се одреди каков одговор ќе следи“, рече Бајден.