Бајден го нарече Орбан насилник, овој му возврати дека не може да поднесе што е поуспешен од него (ВИДЕО)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, истакнатиот глас на десницата во централна Европа, му возврати на американскиот претседател Џо Бајден поради неговата забелешка за време на предизборната кампања кога унгарскиот лидер го стави меѓу автократските моќници, како белорускиот претседател Александар Лукашенко и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

EPA-EFE

Во едно обраќање до гласачите во 2020 година, Бајден тогашниот американски претседател Доналд Трамп го обвини дека се дружи со „сите насилници во светот“. „Погледнете што се случува од Белорусија до Полска и Унгарија, поден на тоталитарните режими во светот. А нашиот претседател ги поддржува сите тие насилници“, кажа Бајден.

Неговиот противкандидат на претседателските избори во 2020, Доналд Трамп, беше прилично близок со Орбан. Лево ориентираната аналитичка група Брукингс институшн тврдеше дека примањето на полскиот претседател Анджеј Дуда од страна на Трамп помогнало во неговата кандидатура на изборите против лево ориентираниот градоначалник на Варшава.

Орбан беше првиот европски лидер кој ја поддржа кандидатурата на Трамп на изборите во 2020, додека Трамп ја фалеше политиката на Орбан за безбедност на границите и антитероризам, како и обидите да им се помогне на христијанските заедници во целиот свет. Унгарскиот премиер минатиот четврток кај Такер Карлсон кажа дека Бајден има ограничено знаење за неговата земја, затоа не сфаќа што зборува кога изнесува такви забелешки.

„Некој кој не го зборува нашиот јазик и има многу ограничено знаење за Унгарија, дури и за последните неколку децении, не сфаќајќи очигледно ништо, не може да има такво мислење. Знаете, тоа е само по себе лична навреда за сите Унгарци“, кажа Орбан.

„Западните либерали не можат да прифатат дека во западната цивилизација постои конзервативна национална алтернатива која е поуспешна во секојдневниот живот, на нивното ниво – либералното. Тоа е причината зошто нè критикуваат. Се борат за себе, а не против нас. Но ние сме пример дека земја која е заснована на традиционалните вредности, на националниот идентитет, на традицијата на христијанството, може да биде успешна, понекогаш и поуспешна од левичарско-либерална влада“, кажа Орбан за Фокс.

Унгарскиот премиер зборуваше и за поширокото политичко прашање, според кое левите политичари, како Бајден, не можат да ја сфатат националистичката или конзервативната алтернативна идеологија, нарекувајќи ја Унгарија „успешна приказна“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе