Бајден ги повика светските лидери да ја намалат емисијата на метан

Американскиот претседател Џо Бајден во петокот ги повика светските лидери да им се придружат на САД и на Европската унија во борбата за намалување на емисијата на метан, со надеж дека тоа ќе даде замав пред меѓународниот самит за климатските промени следниот месец.

Фото: ЕПА

Бајден се осврна на оваа тема за време на виртуелниот состанок на Форумот на големите економии (МЕФ), продолжение на состанокот на Денот на Земјата чиј домаќин беше во април, за да ги открие новите американски цели во однос на емисиите на стакленички гасови и да изврши притисок врз другите земји да направат повеќе за да ги намалат своите.

Велика Британија одговори на повикот, а Борис Џонсон вети дека ќе биде меѓу првите потписници на Обврската за глобален метан за намалување на емисиите на штетните плинови.

Аргентина, Индонезија, Италија и Мексико се приклучија на алијансата, додека Гана и Ирак дадоа индикации дека сакаат да се приклучат, според резимето на состанокот во Белата куќа, што значи дека овие земји претставуваат шест од најголемите 15 глобални емитувачи на метан.

Справувањето со климатските промени е еден од главните домашни и меѓународни приоритети на Бајден, а конференцијата за климатски промени на ОН (ЦОП26) во Глазгов од 31 октомври до 12 ноември се смета за критичен момент светот да почне да прави нешто за да го спречи зголемувањето на температурите.

САД во четвртокот рекоа дека пандемијата на коронавирус не ги забавила климатските промени и дека светот ја губи битката за намалување на емисиите во доволна мера за да го ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа. Научниците велат дека ова е само минимум за да се избегнат најкатастрофалните ефекти од климатските промени.

Бајден во петокот побара од другите нации да се приклучат на пактот договорен од САД и ЕУ со надеж дека ќе ги намалат глобалните емисии на метан за најмалку 30 проценти под нивото на 2020 година до 2030 година.

„Ова не само што брзо ќе ја намали стапката на глобално затоплување, туку ... ќе произведе и многу вреден спореден ефект, како што е подобрување на општото здравје и земјоделското производство“, им рече Бајден на лидерите.

„Веруваме дека колективната цел е и амбициозна и реална, но ве покануваме да ни се придружите за да го најавиме ова ветување на ЦОП26“, рече Бајден.

На глобално ниво, емисиите на метан се одговорни за околу 30 проценти од затоплувањето од прединдустриско време, според Обединетите нации. Неодамнешниот извештај на климатските научници на ОН вели дека намалувањето на емисиите на метан е најбрзиот начин за забавување на глобалното затоплување.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе