Бајден ги повика Путин и Си Џинпинг на виртуелен самит за климата

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот колега Владимир Путин на виртуелна средба која треба да се одржи на 22 и 23 април, јави Франс прес повикувајќи се на извори од Стејт департментот.

EPA-EFE

На оваа средба се поканети 40 светски лидери. Целта на самитот е да се одбележи враќањето на Вашингтон на првата линија на борбата против климатските промени, откако од неа се откажа претходната администрација на Доналд Трамп.

Новиот американски претседател кажа дека планира да организира климатски самит на 22 април за да се одбележи Денот на планетата Земја, а пред големиот самит на ОН закажан за ноември во шкотски Глазгов.

На крајот било одлучено самитот да трае два дена, но да се одржи онлајн поради пандемијата.

Како што вети во предизборната кампања, Бајден уште првиот ден во Белата куќа го обнови американското учество во Парискиот климатски договор од кој Трамп го повлече САД.

Враќањето на САД, втората земја во светот според емисиите на штетни гасови, во климатскиот договор е на сила од 19 февруари, што значи дека речиси сите светски држави сега се учеснички во договорот потпишан во 2015 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе