Бајден ги нападна Американците кои не сакаат да се вакцинираат, им најави остри мерки

Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот ги критикуваше Американците кои се противат на вакцинацијата, најавувајќи нови мерки, кои вклучуваат задолжителна вакцинација за повеќето федерални вработени и вакцинација или редовно тестирање за сите вработени во компании со повеќе од 100 вработени.

Фото: ЕПА

Новите мерки, објавени од Бајден во говорот од Белата куќа, ќе се однесуваат на околу две третини од сите вработени во САД.

„Бевме трпеливи. Но, нашето трпение е при крај, а вашето одбивање да се вакцинирате многу нè чинеше нас останатите“, рече Бајден, обраќајќи им се на милиони Американци кои одбиваат да се вакцинираат.

Тоа е убедливо најостриот пристап и се најсеопфатни мерки што Бајден ги презеде за да ги принуди Американците да се вакцинираат, поради зголемувањето на бројот на случаи на зараза поради ширењето на позаразната, делта варијанта на коронавирусот.

Ескалацијата на епидемијата не е само закана за САД, туку и за популарноста на Бајден, кој вети дека ќе го стави вирусот под контрола и претходно оваа година рече дека земјата е „поблиску од кога било до моментот кога ќе може да каже дека вирусот е поразен“.

И покрај кампањата за вакцинација спроведена од администрацијата на Бајден, само нешто повеќе од 53 проценти од Американците се целосно вакцинирани, според податоците на ЦДЦ. Според планот на Бајден, новите мерки би влијаеле на околу 100 милиони вработени, што е околу две третини од вкупниот број вработени во САД. Новите мерки веќе наидоа на критики од републиканците во Конгресот, кои се закануваат со тужби. Според Ројтерс, може да поминат месеци пред новите мерки да имаат некаков ефект.

Претходно, на федералните вработени им беше дозволено да избираат помеѓу вакцинација и редовно тестирање, а според новите правила, тие мора да се вакцинираат во рок од 75 дена, или им се заканува раскинување на договорот, освен ако не припаѓаат на една од групите што не треба да се вакцинираат.

Бајден најави и построги казни за секој што ќе одбие да носи маска во јавниот превоз. Американската агенција за безбедност на транспорт (ТСА) објави дека новите казни ќе изнесуваат помеѓу 500 и 1.000 долари за оние што се фатени без маска за прв пат, а за оние кои ќе го повторат прекршокот, казната ќе изнесува помеѓу 1.000 и 3.000 долари.

„ТСА ги удвои казните за сите патници кои одбиваат да носат маска. Ако ги кршите правилата, бидете подготвени да платите. И, патем, може да покажете малку почит“, рече Бајден.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе