Бајден донесе закон за зголемување на долгот, избегнат е банкрот

Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот за привремено зголемување на владиниот лимит за задолжување на 28.900 милијарди долари, со што е овозможено зголемување на долгот за државата да може да ги плаќа своите доспеани обврски и да избегне банкрот.

EPA-EFE

Без зголемување на горната граница на долгот американското министерство за финансии процени дека на 18 октомври ќе остане без пари за плаќање на доспеаните сметки. Се очекува зголемувањето на лимитот за задолжување за 480 милијарди долари, кое Бајден го потпиша вчера, ќе биде исцрпено до 3 декември, па до тогаш ќе треба да се најдат други решенија.

Сенатот минатата недела го одобри, а Претставничкиот дом во вторникот го изгласа краткорочното решение со кое привремено се заголеми границата на можното задолжување на владата на 28.900 милијарди долари, со што најголемата светска економија избегна банкрот барем до декември.

Лидерот на републиканците во Сенатот Мич Меконел напиша во писмо до Бајден по гласањето дека нема повеќе да им помага на демократите во зголемувањето на лимитот на долгот. Меконел сака демократите да го искористат процедуралниот потег познат како помирување, за кој не би биле потребни републиканските гласови за да се крене плафонот за задолжување. Демократите тоа го отфрлија како опција.

Републиканците порачаа дека зголемувањето на плафонот за задолжување е проблем на демократите поради пакетот мерки на Бајден за помош на граѓаните и други цели за време на пандемијата на коронавирусот. Тој пакет, кој Конгресот го прифати во првиот дел од оваа година, е вреден 3.500 милијарди долари.

Демократите, пак, возвратија дека тие своевремено го подржаа предлогот за зголемување на државното задолжување во мандатот на претседателот Доналд Трамп иако се противеле на законите на Трамп за намалување на данокот на граѓаните и компаниите што придонело за зголемување на државниот долг

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе