Бајден бара од Сенатот итно да го усвои пакетот помош од 1,9 билиони долари

Американскиот претседател Џо Бајден побара од Сенатот итно да го усвои 1,9 билиони долари вредниот пакет помош за кревање на економијата од пандемијата на коронавирусот, кој неколку часа претходно во усвои Претставничкиот дом.

EPA-EFE

„Предлог законот сега оди во Сенатот, каде, се надевам, ќе биде брзо усвоен. Не можеме да губиме време“, кажа Бајден во кратка изјава од Белата куќа.

Предлог законот е темел на планот на Бајден за економско заздравување на земјата, а неговото усвојување во Конгресот ќе биде првото негово големо законско постигнување како претседател.

Претставничкиот дом го усвои со тесно мнозинство, а сега треба да го разгледа Сенатот, можеби во одредена мера да го измени и да гласа за него.

Бајден истакна дека пакетот за помош ќе ѝ даде поттик на економијата и ќе создаде милиони нови работни места.

Меѓу останатите мерки предвидува директни исплати на домаќинствата, финансирање на тестовите за коронавирусот и дистрибуција на вакцините со дополнителна помош на невработените.

Конгресот треба предлог законот да го усвои до 14 март кога завршуваат надоместите за невработеност.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе