Бајден: Америка ќе ја сподели технологијата за вакцини против корона

Соединетите Држави преку Светската здравствена организација (СЗО) ќе ја споделат технологијата за производство на вакцини против коронавирус и ќе достават брзи тестови и лекови до луѓето во оддалечените делови на светот, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден.

Фото: ЕПА

Вашингтон ќе плати и дополнителни 200 милиони долари во фондот на Светска банка за светот да биде поподготвен за идните пандемии, додаде тој. Ова ќе го зголеми вкупниот придонес на САД во фондот на 450 милиони долари.

„Ние ги ставаме на располагање медицинските технологии во сопственост на американската влада, вклучително и оние за производство на вакцини против ковид-19“, рече Бајден на отворањето на вториот светски ковид-19 самит.

Собирот, чиј домаќин се САД, Белизе, Германија, Индонезија и Сенегал, се одржува виртуелно, а владините претставници расправаат како да се стави крај на постоечката и да се подготват за идните пандемии.

Самитот треба да биде чекор напред во однос на првиот таков собир одржан во септември минатата година, кога учесниците се договориле да вакцинираат повеќе луѓе, да ги тестираат најранливите, да ја зајакнат заштитата на здравствените работници и да формираат фонд за финансирање на подготвеноста за идни пандемии.

На собирот учествуваат 14 земји, СЗО, ЕУ, приватни компании како Гугл и невладини организации како Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе