Бајден: Ако Русија тргне на Украина, тоа ќе има катастрофални последици

Американскиот претседател Џозеф Бајден на прес-конференција во Белата куќа по повод првата година од неговото претседателствување рече дека тоа била година на предизвици и напредок, посочувајќи дека ако Русија тргне на Украина, тоа ќе има катастрофални последици.

Фото: ЕПА

Тој рече дека Москва ќе сноси одговорност доколку, како што наведе, „ја нападне Украина“, пренесува АП.

„Претпоставувам дека Путин ќе тргне кон Украина“, рече американскиот претседател, додавајќи дека целосната инвазија на таа земја, сепак, ќе предизвика одговор што скапо ќе ја чини Русија и нејзината економија.

Бајден изјави дека верува оти Русија подготвува акција во Украина, иако смета дека Путин сѐ уште не донел конечна одлука.

Американскиот лидер навести дека ќе го ограничи пристапот на Русија до меѓународниот банкарски систем доколку таа ја нападне Украина.

Зборувајќи за пандемијата, тој рече дека е свесен дека Американците се фрустрирани од целата ситуација и нејзините последици врз економијата.

„По речиси две години физички, емоционални и психолошки последици од оваа пандемија, за многумина од нас тоа беше премногу за поднесување“, рече Бајден.

„Некои луѓе може да го наречат она што се случува сега ‘нова нормалност’, но јас го нарекувам работа што сè уште не е завршена. „Работите ќе се подобрат“, рече тој.

Бајден посочи дека САД ќе истраат во напорите поврзани со вакцинацијата против коронавирусот, бидејќи се покажало дека таа практика функционира.

Бајден додаде дека Соединетите Држави нема да се вратат на карантини и затворање училишта и дека новиот сој омикрон не е причина за паника.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе