Бајден: Ако Русија ја нападне Украина, би можел лично да го санкционирам Путин

Лидерите на западните земји денес ги засилија подготовките за можна руска воена акција во Украина, додека се одвиваат преговорите за резервите на енергенси, а американскиот претседател Џо Бајден се закани дека ќе размисли за воведување директни санкции на рускиот претседател Владимир Путин.

EPA-EFE

Тензиите и понатаму се високи откако НАТО во понеделникот кажа дека ги става своите сили во готовност и испраќа во Источна Европа уште воени бродови и авиони како одговор на руското трупање војска на границата со Украина.

Русија, која негира дека планира каков било напад, објави дека ја следи состојбата со „голема загриженост“. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ја повтори изјавата на Москва дека кризата ја предизвикува дејствувањето на САД и НАТО, а не руската војска.

Бајден повтори дека не планира да испраќа американска војска во Украина, која не е членка на НАТО, но кажа дека ќе размисли за наметнување директни санкции на Путин и дека ќе следат „големи последици“ ако Русија ја нападне Украина.

Новинарите го прашаа Бајден дали тој ќе го санкционира лично Путин ако изврши инвазија. „Да“, кажа американскиот претседател. „Можам да го замислам тоа“.

Американски авион со воена опрема и муниција слета денес во Киев, што е трета пратка од пакетот вреден 200 милиони долари која пристигна во Украина.

Во Вашингтон високи претставници на администрацијата на Бајден кажаа дека САД преговараат со големи добавувачи на енергенси и држави произведувачи од целиот свет за да обезбедат алтернативна испорака за Европа во случај на руски напад на Украина.

Функционерите не именуваа кои земји или компании би требало да обезбедат непрекинат доток на енергија за Европа до крајот на зимата, но кажаа дека постојат низа добавувачи, вклучувајќи ги оние кои продаваат течен гас.

„Работиме на обезбедување дополнителни количества природен гас, а кој не е руски, и тоа од целиот свет, од Северна Африка до Блискиот Исток и Соединетите Држави“, кажа висок американски функционер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе