Го утна името на американскиот претседател

Бајден: Ако не победам, нѐ чекаат уште четири години на Џорџ (ВИДЕО)

Кандидатот за американски претседател Џо Бајден зборуваше вчера на настан за собирање пари за предизборната кампања.

EPA-EFE

Стануваше збор за концерт кој се одржа онлајн, а настапија Џон Бон Џови и Фу фајтерс.

Бајден одговараше на прашањата на модераторот, Џорџ Лопез и аналитичарката на Си-ен-ен Ен Наваро, кога кажа дека САД, ако не победи тој, ги очекуваат уште четири години Џорџ.

„Ќе гласаме, според мене, буквално за карактерот на земјата. Уште четири години Џорџ, ова, Џорџ... ќе се најдеме во позиција, ако биде избран Трамп, да бидеме во поинаков свет“, кажа тој.

Изборите ги нарече и избори со најголеми последици за долго, долго време. Цело време покрај него седеше неговата сопруга Џил.

Не се знае на кој Џорџ мислел Бајден, но треба да се напомене дека Џорџ В. Буш беше претседател на САД во 2008, кога се кандидираше Барак Обама чиј потпретседател беше Бајден. Буш тогаш не се кандидираше бидејќи му истекуваше вториот претседателски мандат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе