„Во овој момент едноставно не ги добиваме сите потребни информации од администрацијата во заминување во клучните области на националната безбедност. По мое мислење – тоа е неодговорно“, кажа новоизбраниот американски претседател по состанокот со номинираните членови на својот надворешнополитички тим.
Бајден тврди дека тој и тимот што го предводи се соочиле со опструкции, како што кажа, од политичкото раководство од Секретаријатот за одбрана – Пентагон и Канцеларијата за управување и буџет.
Истакна и дека бројни американски разузнавачки агенции изгубиле многу за време на владеењето на актуелниот претседател Доналд Трамп.
„Вистината е дена многу агенции клучни за нашата безбедност претрпеа огромна штета. Голем број од нив изгубија од аспект на персоналот, капацитетите и моралот“, кажа Бајден на обраќањето.
This afternoon, I was briefed by members of my national security and foreign policy agency review teams. Tune in as I deliver remarks on the challenges our administration will inherit. https://t.co/EbPUT6jjXX
— Joe Biden (@JoeBiden) December 28, 2020
Електорскиот колегиум на 14 декември ја потврди победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден на американските претседателски избори.
Меѓутоа, и покрај тоа, Трамп одбива да се согласи со изборниот резултат и го доведува во прашање резултатот на гласањето тврдејќи, без да даде валидни докази, дека изборниот процес бил нерегуларен во корист на Бајден.
Средбите на членовите на Бајденовиот транзициски тим со членови од администрацијата во рамки на процесот на предавањето на власта почнаа дури на крајот на ноември.
Во процесот на изборната победа на Бајден остана уште Конгресот на 6 јануари 2021 да ги потврди резултатите од гласањето на електорскиот колеџ.
Потоа Бајден официјално треба да ја преземе должноста на 20 јануари.