Бахреин потпиша договор за нормализација со Израел, Палестинците остро реагираа

Бахреин денес со потпишувањето на договорот за нормализација на односите со Израел им се придружи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), поради што остро реагираше Палестинската ослободителна организација (ПЛО), нарекувајќи го потегот „предавство на палестинската кауза“.

EPA-EFE

По разговорот со бахреинскиот крал Хамад бин Иса ал Калиф и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, американскиот претседател Доналд Трамп таа вест ја објави на Твитер.

Во заедничката изјава Бахреин, Соединетите Држави и Израел истакнаа дека станува збор за „историски успех во промовирањето на мирот на Блискиот Исток“.

„Со воспоставувањето директен дијалог и врска меѓу двете динамични општества и напредни економии ќе продолжи позитивната рансформација на Блискиот Исток и ќе зајакнат стабилноста, безбедноста и благосостојбата во тој регион“, се додава во соопштението.

Зборувајќи од Овалната канцеларија, Трамп кажа дека страните на Блискиот Исток се „уморни од борбите“ и истакна дека, во врска со Палестинците, би можеле да се случат „добри нешта“, не наведувајќи детали.

Одлуката на Бахреин и Израел да тргнат во нормализација на односите ја нарече „навистина историски ден“.

Исто така истака дека договорот со Бахреин е постигнат на самата годишнина од терористичките напади на 11 септември 2011 и дека е „почестен“ што тоа се случило на овој датум.

Изрази уверување дека и други земји ќе тргнат во нормализација на односите со Израел, порачувајќи дека почнала трансформацијата на блискоисточниот регион.

ОАЕ под американско покровителство минатиот месец се согласија на нормализација на односите со Израел. Договорот ќе го потпишат на 15 септември на свеченост во Белата куќа, а освен Трамп присутни ќе бидат и израелскиот премиер Нетанјаху и мнистерот за надворешни работи на ОАЕ Абдула бин Зајед ал Нахџан.

Трамповата администрација се обидува да присили и други арапски земји на почнување дијалог со Израел, но Саудиска Арабија, која е најмоќна од сите нив, даде јасно до знаење дека не е спремна.

Бахреин е близок сојузник ан Саудиска Арабија и седиште на регионалниот штаб на американската воена морнарица.

Досега дипломатски односи со Израел воспоставија само две арапски земј, Египет во 1979 и Јордан во 1994.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе