„Багдад нема да дозволи Вашингтон да ја користи неговата територија против Иран“

Ирак не сака нова „уништувачка“ војна на Блискиот Исток и нема да им дозволи на САД да ја користат неговата територија за воена аквија против соседен Иран, изјави ирачкиот амбасадор во Москва.

„Ирак е суверена земја. Нема да дозволиме (САД) да ја користат нашата територија“, изјави Хајдар Мансур Хади, ирачкиот амбасадор во Русија на прашањето кој е ставот на Ирак за зголемените тензии во регионот, разгорени меѓу Вашингтон и Техеран.

Амбасадорот изрази надеж дека „ништо нема да се случи“, додавајќи дека неговата земја „не сака нова уништувачка војна во регионот“. Тој кажа и дека Багдад може да се обиде да ги искористи врските со САД и Иран за да ги намали тензиите.

Неговата изјава доаѓа во време кога се зголемува ризикот од нова војна на Блискиот Исток. САД денес наредија делумна евакуација на својата амбасада во Багдад и конзулатот во Ербил, во ирачки Курдистан, откако американскиот државен секретар Мајк Помпео кажа дека „иранските активности“ ги загрозуваат американските интереси и трупи во Ирак.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе