Додека стотици илјади протестираат против него

Бабиш: Жал ми е што бев комунист

Премиерот на Чешка Андреј Бабиш политички ослабнат поради обвиненијата за корупција, изрази жал што бил член на Комунистичката партија.

Бабиш во неделата изрази жалење дека бил комунист, за време на церемонијалното одбележување на 30-годишнината од Кадифената револуција во Прага, со која во тогашна Чехословачка е срушен комунизмот.

„Сигурно знаете, бев член на Комунистичката партија. Не се гордеам со тоа“, рече Бабиш на свеченоста на која присуствуваа негови колеги од Унгарија, Полска и Словачка, како и претседателот на германскиот парламент Волфганг Шојбле.

„Не бев храбар и ангажиран после Вацлав Хавел“, рече тој.

„Денес сум тука, како премиер избран на слободни и демократски избори. Сакам, барем сега, да изразам благодарност и понизност“, рече тој, заблагодарувајќи им се на оние што ги започнаа протестите во 1989 година.

Со гласни свирежи и извици „Носи се, агент на државна безбедност“, „Тајна полиција“ и „Срамота“, чешкиот премиер Андреј Бабиш положи цвеќе и запали свеќа пред споменикот на Народниот булевар во Прага, на 30-годишнината од демонстрациите со кои во 1989 година започна Кадифената револуција и падот на комунистите.

Група демонстранти кои од утрото во неделата носеа цвеќиња и палеа свеќи за да ги одбележат првите брутално растерани студентски демонстрации кои ја започнаа Кадифената револуција на 17 ноември 1989 година, исто така го исвиркаа и службеникот во претседателската канцеларија, кој положи венец во име на чешкиот претседател Милош Земан.

„Народниот булевар е симболично место на слободата и демократијата. Не разбирам зошто протестираат против мене и ја бараат мојата оставка. Бабиш не краде. Не може никого да го корумпира. Тие бараат од мене да се откажам од Агроферт, но јас веќе го сторив тоа. Мене дури не ме пуштаат ни на годишното собрание на Агроферт“, им рече премиерот Бабиш на новинарите за барањата на демонстрациите во саботата кога над 257.000 Чеси во паркот Летна поставија ултиматум да го реши својот судир на интереси, така што ќе избере дали ќе ја контролира својата деловна империја и медиумите и ќе се богати на европски грантови или ќе биде премиер на владата што одлучува за грантови.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе