Бабиш му порача на Земан дека е спремен за дебата за Косово

Премиерот на Чешка Андреј Бабиш изјави дека е спремен да дебатира со претседателот на таа држава Милош Земан за евентуално откажување на Чешка од признавањето на Косово.

„Би сакал повеќе дебата на таа тема кога ќе има средба за нашите надворешнополитички односи, односно, да се сретнат претседателот на државата, претседателите на двата дома на парламентот, премиерот, шефот на дипломатијата и министерот на полицијата. Тука не се идентични ставовите. Ќе ја причекам дебатата, а птоа ќе заземам став околу тоа“, им кажа премиерот на новинарите.

Претседателот на Чешка, откако долета во Белград, каде што престојуваше во официјална посета, во вторникот кажа дека не го сака Косово, дека не го смета за демократска држава и дека, напротив, многу ја сака Србија.

„Дозволете да го кажам личното, а со тоа и посилно мислење, дека државата на чие чело се наоѓаат воени злосторници не ѝ припаѓа на заедницата на демократски држави“, кажа Земан.

На прашањето дали Чешка би можела да го укине признавањето на Ксоово (за што одлуката ја донесе во 2008), Земан кажа дека би сакал за тоа да зборува на наредниот совет на највисокото чешко раководство, за еден месец.

Првиот потпретседател на чешката влада и министер за внатрешни работи Јан Хамачек потсети дека чешката надворешна политика е во надлежност на кабинетот на министрите. „Ставот на господинот претседател за Косово е одамна познат. Какви било понатамошни чекори, меѓутоа, се во надлежност на владата“, кажа Хамачек.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе