Азискиот гепард е на раб на изумирање, во дивината останале само 12

Само 12 азиски гепарди останале во дивината во Иран во споредба со околу 50 единки колку што таму живееле во 2017, предупреди заменик министерот за заштита на животната средина, оценувајќи ја ситуацијата како многу критична бидејќи станува збор за загрозен животински вид на кој му се заканува изумирање.

EPA-EFE

„Во моментов на територијата на Иран имаме само девет мажјаци и три женки на азискиот гепард во споредба со стотина единки, колку што тука живееја во 2010 година“, кажа Хасан Акбари.

„Мерките кои ги преземавме за да ја зголемиме нивната заштита и да го поттикнеме размножувањето, но ни поставувањето патокази и сообраќајни знаци, не беа доволни за да ја намалиме нивната загрозеност“, кажа Акбари за новинската агенција Тасним.

Здруженијата за заштита на средината велат дека најбрзото копнено животно во светот, кое може да постигне брзина од 120 километри на час, е жртва на сушите, претераниот лов, уништувањето на живеалиштата и недостигот од храна, а многу од нив се прегазени од автомобили, особено во пустината во централниот дел на Иран, каде обично живеат.

Иранското здружение за заштита на гепардот објави дека денес единствените преостанати живеалишта на овие величествени диви мачки се Засолништето за животни Мијандашт и Резерватот на биосферата Туран на североистокот на Иран.

Азиските гепарди некогаш живееле на тревниците на Индија, Пакистан, Русија и Блискиот Исток, но таму се истребени. Останаа неколкуте во Иран. Овој вид гепард малку се разликува од оној кој живее во јужна Африка, но практично е исчезнат од северна Африка и Азија.

Подвидот Acinonyx jubatus venaticus, попознат како азиски гепард, е критично загрозен, предупреди Меѓународната унија за зачувување на природата.

Иран, една од последните земји во светот во која животните живеат во дивина, во 2001 година почна програма за заштита поддржана и од Обединетите нации.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе