Азербејџан негира дека Турција испратила воени сили во Нагорно-Карабах

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев негираше дека Турција испратила борци од Сирија во Азербејџан како помош во конфликтот со ерменската војска во Нагорно-Карабах.

EPA-EFE

Амбасадорот на Ерменија во Русија изјави претходно дека Турција испратила околу 4.000 милитанти од северна Сирија во Азербејџан за да помогнат во борбите, пренесува Ројтерс.

„Гласините за распоредување локални борци од Сирија во Азербејџан се уште една провокација од ерменска страна и целосна бесмислица“, кажа советникот на претседателот Хикмет Гаџиев.

Официјален Ереван ја обвини претходно денес Турција дека испратила четири илјади „платеници“ од сириските области во западен Азербејџан, јави АНСА, повикувајќи се на ерменскиот амбасадот во Москва Вардан Тогањан.

Тогањан кажа дека станува збор за „платеници“ од северните сириски региони кои, како што кажа, се окупирани од Турција.

„Тоа се платеници. Воената разузнавачка служба повеќе пати наведуваше дека пристигнувале на аеродромот Нахчиван во Азербејџан, со чартер летови. Станува збор за околу четири илјади милитанти кои доаѓаат од територијата на северна Сирија, окупирана од Турција“, изјави Тогањан за радиото Ехо Москва.

Во регонот Нагорно-Карабах, кој законски е дел од Азербејџан, но со етнички мнозинско ерменско население, повторно избија судири меѓу Ерменија и Азербејџан.

Нахчиван е главен град на автономната република Нахчиван, која е ексклава – територија издвоена од целината на азербејџанската територија и граничи со Турција.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе