Азербејџан и Ерменија меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето

Азербејџан и Ерменија во саботата меѓусебно се обвинија за нападите со кои е нарушен прекинот на огнот кој е посредуван од Русија, додека продолжуваат најлошите борби во јужен Кавказ од 1990-тите години.

Фото: ЕПА

Баку објави дека 13 цивили биле убиени и 40 лица биле ранети во ракетен напад врз градот Гани, додека Ереван го обвини Азербејџан за продолжување на гранатирањето.

Судирите се најтешки во регионот откако Азербејџан и силите на етничките Ерменци завојуваа во 90-тите години од минатиот век поради Нагорно-Карабах, отцепениот азербејџански регион претежно населен со Ерменци.

Постои ризик конфликтот да прерасне во хуманитарна катастрофа, особено ако Русија и Турција се вклучат во конфликтот, предвидуваат експерти и дипломати.

Главното обвинителство на Азербејџан соопшти дека е ракетирана станбена област во вториот по големина град во земјата и биле погодени околу 20 станбени згради.

Тој исто така додаде дека целта на Ерменија бил Мингечавир, но дека ракетите биле соборени од азербејџанскиот одбранбен систем.

Ерменското Министерство за одбрана го негираше тврдењето на Азербејџан дека ракетира градови во Азербејџан и го обвини Баку за континуирано гранатирање населени места во Нагорно Карабах, вклучувајќи го и Степанакерт, најголемиот град во регионот.

Стотици лица се убиени во судирот на 27 септември, додека во саботата се појавија други знаци дека е прекинато примирјето договорено од пред една недела со кое ќе се овозможи размена на затвореници и телата на мртвите.

Ерменија исто така рече дека неколку азербејџански беспилотни летала нападнале воени објекти и оштетиле цивилна инфраструктура.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе