Азербејџан ги критикува Ерменците поради палењето на куќите во Нагорно Карабах

На барање на Ерменија Азербејџан го одложи преземањето на Келбајар во Нагорно Карабах, договорено со примирјето.

Screenshot

Истворемено, официјален Баку ги критикуваше цивилите за тоа што, напуштајќи ја таа област, ги палат куќите и прават, како што кажаа „еколошки терор“.

Со примирјето беше прекинат шестнеделниот конфликт околу Нагорно Карабах и на Азербејџан му беше дозволено да ја преземе контролата над територијата која беше под ерменска контрола, во која е и Келбајар.

Меѓутоа, Баку се согласи да го одложи преземањето на Келбејар за 25 ноември по барање на Ереван.

Помошникот на азербејџанскиот претседател Хикмет Хајиев кажа дека лошите временски услови го отежнале повлекувањето на ерменските сили и цивили по единствениот пат низ планинската територија која ги поврзува Келбајар и Ерменија, пренесува Асошиејтед прес.

По договорот, голем број жители подготвувајќи се за евакуацијата ги запалија своите куќи за да не им остават можност на Азербејџанците да се вселат во нив.

„Ерменците ја уништуваат околината и цивилните објекти. Еколошката штета, еколошкиот терор мора да се спречи“, кажа Хајиев.

Келбајар пред војната која заврши во 1994 година бил населен со азербејџанско население, но територијата потоа дошла во раце на Ерменците.

„Населувањата на ерменската популација на територијата на Келбајар беше незаконска... Сите нелегални населби мора да се отселат“, додаде Хајиев.

Враќањето на оваа територија под контрола на Азербејџан предизвика загриженост поради судбината на ерменското културно и верско наследство.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го уверуваше рускиот колега Владимир Путин кој посредуваше на примирјето, дека христијанските цркви ќе бидат заштитени.

„Христијаните на Азербејџан ќе имаат пристап до тие цркви“, порача во соопштение кабинетот на Алиев.

Легенда под Главна слика

Screenshot

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе