Азербејџан: Ако врз нас се изврши странска агресија, ќе ги видат турските Ф-16

Баку ќе ги употреби турските ловци Ф-16 во случај на странска агресија врз Азербејџан, изјави азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

EPA-EFE

Тој додаде дека во секое интервју новинарите го прашуваат од каде во Азербејџан турски Ф-16.

„Уморен сум од одговарање. Имате сателити, како не знаете што правиме? Отворете и погледнете дали сега авионите Ф-16 се во воздух или на земја. Сите знаат дека се на земја и дека се тука дојдени на воени вежби, но со почетокот на војната останаа тука“, објасни Алиев.

Според него, ловците се воена помош од Турција.

„Ако врз нас се изврши странска агресија, ќе ги видат овие Ф-16“, истакна Алиев.

Тој додаде дека што се однесува до прашањето на Нагорно Карабах, Баку ќе оди до крај.

„Нашиот став останува непроменет. Ние ја браниме правдата... Ќе одиме до крај по ова прашање“, заклучи Алиев во обраќањето до јавноста.

Ереван соопшти дека ерменски Су-25 соборил Ф-16 на воздухопловните сили на Турција на крајот на септември.

Азербејџан, пак, во својата верзија објави дека се урнале два Су-25, откако удриле во планина.

Борбите во Нагорно Карабах повторно почнаа на 27 септември. Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за предизвикување на конфликтот. Ерменија објави воена состојба и општа мобилизација, а во Азербејџан е воведен полициски час и делумна мобилизација.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе