Азем Власи: Вучиќ би го признал Косово ако за возврат ја добие Република Српска

Поранешниот косовски политичар Азем Власи смета дека српскиот претседател Александар Вучиќ би ја признал независноста на Косово ако за возврат ја добие Република Српска.

EPA-EFE

Тој истакна дека Европската Унија е само посредник во дијалогот на Косово и Србија, додека клучна улога за успешното завршување на овој процес ќе имаат Соединетите Американски Држави.

Власи смета дека евентуалната автономија за северот на Косово, актуелна во „нон-пејпер“ документите, е неприфатлива и штетна за Србите јужно од Ибар.

„Тие нон-пејпери се всушност памфлети за провокации, а ние во регионот лесно се лепиме за тоа. Нешто што нема автор, адреса, фирма, сериозната политика и политичарите не ги земаат сериозно. Заговарањето автономија за северот на Косово е всушност идеја за одвојување на тој дел од целината на Косово. Нема никаде автономија со четири мали општини и нешто повеќе од 30.000 жители. Таквите идеи се глупост и играње со судбината и опстанокот на косовските Срби на просторите каде што живеат. Косово инаку тоа нема да го прифати, па ете нови проблеми и конфликти, повторно на штета на Србите“, кажа тој во интервју за Косово онлајн.

Тој истакна дека, доколку има продолжување на дијалогот на Белград и Приштина во јуни, тоа ќе бидат „прелиминарни разговори“ и дека „ништо конкретно“ нема да се случи.

„Ќе се разговара за тоа како да се продолжи дијалогот и што ќе се опфати со него. Ќе се констатира дека позициите на двете страни се поодалечени од претходно, што навестува тешкотии во продолжувањето на дијалогот. А по завршувањето на таа средба (косовскиот премиер Аљбин) Курти и Вучиќ преку медиумите ќе ѝ се обратат на својата јавност. Курти ќе зборува за принципите на кои ќе се води дијалогот и непопустливоста на Косово, а Вучиќ за притисоците кои се вршат врз Србија и за тоа како тој не дозволува Србија да се понижи. Ќе ја обвини Приштина дека не е спремна на компромис“, смета Власи.

Истакна дека епилог на дијалогот на Белград и Приштина ќе биде „некој финален договор“.

„А тој договор не може да се смета за финален ако не дојде до меѓусебно признавање. Ако Србија признала пет нови држави настанати од поранешната заедничка Југославија, меѓу нив и Црна Гора во 2006 година, не е јасно зошто не би го признала Косово. Дотолку повеќе што Србија повеќе на никој начин не може да влијае на статусот на Косово како држава, а ако работи само од инает за да му наштети на Косово, тоа само им штети на добрососедските односи. А и за косовските Срби би било подобро Косово и Србија да се во добрососедски односи. На меѓусебно признавање како финале на дијалогот инсистираат и најважните земји ЕУ и САД. Не е јасно какви уште претензии Србија има кон Косово кога сите во Србија, па и Вучиќ, знаат дека Косово, како независна држава, е факт кој не може никако да се промени. И ставот на Меѓународниот суд на правдата на кој токму Србија се обрати да ја разгледа основаноста на прогласувањето на независноста на Косово од аспект на меѓународното право и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, недвосмислено потврди дека прогласувањето на независноста на Косово не е во спротивност со меѓународното право, а ни со Резолуцијата 1244“.

Истакна дека треба да се објасни идејата за „можни компромиси“.

„Вучиќ постојано зборува за тоа, за некое компромисно решение, а никогаш не објаснил што мисли со тоа. Каков компромис, по кои прашања и што треба да значи. Тој тоа свесно не го објаснува, бидејќи очекува од некаде шанса или понуда ентитетот Република Српска да се отцепи од БиХ и да се припои кон Србија, па да излезе дека Србија сепак нешто добила, па да може да се откаже од Косово. А на Косово сака само Заедница на српски општини и екстериторијалност на манастирите и имотот на Српската православна црква“, смета Власи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе