Како ја нацртав проклетата насловна

Авторот на новата насловна на Шарли ебдо: „Напишав „Сѐ е простено“ и тогаш и јас заплакав“ (ВИДЕО)

Автор на насловната страница на Шарли ебдо на која се наоѓа карикатурата на расплаканиот Мухамед, кој во рацете држи натпис „Јас сум Шарли“ е карикатуристот Луз, кој синоќа открил зошто насловната е токму таква.

„Имав идеја да го нацртам ликот на Мухамед, бидејќи тоа е мој лик, бидејќи постоеше, барем во човечките срца, во секој случај постоеше кога јас го нацртав.

Тоа е ликот што ги запали нашите канцеларии, но и лик поради кој најпрвин нѐ третираа како бели витези на слободата на печатот бидејќи ни изгоре редакцијата. Кога една година подоцна повторно го нацртавме нѐ третираа како провокативни и неодговорни. Значи, поради овој лик нѐ нарекуваа бели витези или провокатори, но ние сме пред сѐ карикатуристи кои цртаат мали луѓе како што тоа го прават децата.

И терористите некогаш биле деца, цртале како нас, како сите деца, а потоа можеби еден ден ја изгубиле смислата за хумор, можеби повеќе не можеле да го гледаат светот со трошка дистанца, бидејќи тоа е Шарли – способност да го нацртате светот со малку дистанца. И така почнав да цртам кажувајќи си сам на себе: Јас сум Шарли. Тоа беше моја идеја, но не беше доволно.

Единствено што преостана беше да се нацрта Мухамед, јас сум Шарли. Тогаш го погледнав и тој плачеше. Над цртежот напишав: Сѐ е простено. Тогаш и јас заплакав. Тогаш конечно ја добивме насловната, конечно ја најдовме таа проклета насловна. Тоа беше нашата насловна.

Не беше тоа насловната што светот сакаше да ја нацртаме, тоа беше нашата насловна. Тоа не е насловната која сакаа терористите да ја нацртаме, бидејќи на неа нема терористи, туку само човек кој плаче: тоа е Мухамед. Жал ми е што морав повторно да го нацртам, но Мухамед што го нацртав е пред сѐ Мухамед кој плаче“.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе