Трилатерална средба во Белград

Автопатот Белград-Сараево ќе ги зачува мирот и стабилноста во регионот (ВИДЕО)

Учесниците на денешната трилатерална средба во Белград, претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и членовите на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ, Милорад Додик и Шефик Џаферовиќ, оценија дека автопатот Белград-Сараево ќе помогне да се подобри комуникацијата во регионот и да се зачуваат мирот и стабилноста.

Тие разговараа за проектите во кои учествуваат Турција, Србија и БиХ, а за билатералните прашања, како што наведоа, ќе разговараат на билатералните состаноци.

Бошњачкиот член на Претседателството на БиХ Шефик Џаферовиќ кажа дека Турција е „стабилизирачки фактор во регионот“ и дека, бидејќи има добри односи со сите земји од западниот Балкан, може да им помогне во стабилизирање на состојбата.

Српскиот член Милорад Додик кажа дека автопатот меѓу Белград и Сараево за кој денес беше поставен камен-темелник, треба да ги поврзе Србија и Република Српска и БиХ и да „овозможи подобра комуникација“.

„Разговаравме и за гасоводот Турски тек, и за можноста за учество на БиХ во тој проект, за модернизација на железничката мрежа, како и за потребата да се зачува политичката соработка, стабилноста и мирот“, кажа Додик.

„Патот е синоним за цивилизацијата. Ако успееме да го изведеме, да го изградиме патот, тоа ќе има големо влијание врз населението, но и поголемо влијание за спречување на одливот на населението. Тоа ќе го направи регионот место кое ги привлекува луѓето и кое ќе биде достапно“, кажа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот лидер најави и следни состаноци на трилатералата, во Турција и во БиХ.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека Србија ќе изгради мост преку Сава, поради што изградбата на автопатот ќе трае три години.

Тој оцени дека од 1945 година „некоја невидлива рака“ ја спречувала изградбата на добрите врски, односно патиштата и пругите меѓу Србија и БиХ, но дека сега дошло времето тоа да се промени.

Вучиќ му се заблагодари на Ердоган за, како што кажа, „несомнено стабилизирачката улога“ што Турција ја има на Балканот.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе