Прва фатална несреќа

Автономно Убер возило прегази жена пешак во Аризона

Автономно Убер возило уби жена на улица во Аризона, соопшти полицијата, за што се верува дека е прва пријавена фатална несреќа на самовозечки автомобил и пешак во САД, пренесе Гардијан.

Полицијата од Темпи изјави дека автомобилот бил во автономен режим за време на несреќата и дека возилото удрило во жената, која чекорела надвор од пешачкиот премин и подоцна починала во болница. Во моментот на несреќата имало оператор на возилото во автомобилот.

Полицијата ја идентификува жртвата како 49-годишната Елејн Херцберг и соопшти дека таа не се движела по пешачкиот за време на несреќата, но не даде други детали.

Убер на Твитер напиша: „Нашите срца се со семејството на жртвата. Целосно соработуваме со локалните власти во нивната истрага за инцидентот“. Портпаролот одби да коментира понатаму во врска со несреќата.

Компанијата соопшти дека го паузира функционирањето на самовозечките возила во Феникс, Питсбург, Сан Франциско и Торонто.

Дара Косрошахи, извршна директорка на Убер, на Твитер напиша: „Неверојатно тажни вести од Аризона. Мислиме на семејството на жртвата додека работиме со локалните власти да разбереме што се случило.“

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе