Автомобил на Тесла удри во дрво во Тексас, двајца мртви. Никој не бил зад воланот (ВИДЕО)

Двајца мажи загинале во сообраќајна несреќа во Тексас, откако автомобил на Тесла во кој се возеле удрил во дрво и се запалил.

Screenshot

Официјални лица потврдија дека никој не бил зад воланот.

Автомобил на Тесла Модел С направен во 2019 година во моментот на несреќата, што се случила во саботата вечер, брзо возел по пат во американската држава Тексас.

Според американските медиуми, автомобилот во еден момент излетал од патот, удрил во дрво и се запалил.

Откако пожарникарите го изгаснале пожарот, пронашле двајца мртви. Едниот бил 59, а другиот 70 години. Но, она што е особено интересно е што не било пронајдено тело зад воланот - едното било пронајдено на совозачкото, а другото на задното седиште.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе