Во близина на полициска станица

Автомобил-бомба експлодира во Иран, има жртви (ВИДЕО)

Најмалку тројца луѓе се убиени, а неколкумина се ранети, откако камион натоварен со експлозив експлодирал во близина на полициска станица во југоисточниот ирански град Чабахар, објавија иранските медиуми.

„Голема гласна експлозија во пристанишниот град Чабахар во југоисточниот дел на Иран пред неколку минути во четвртокот наутро ги загрижи луѓето. Експлозијата, најверојатно, била самоубиствен напад врз седиштето на полицијата во Чабахар“, рекол извор за Исламската новинска агенција ИРНА, пренесе Иран прес.

Напаѓачите со импровизирани експлозивни направи во својот автомобил нападнале полициска станица, според генералниот гувернер на Чабахар, Рахмел Бамри.

Медиумите објавија дека од регионот се слуша пукање.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе