Спасувачите ги извлекле тешко повредените од остатоците на возилото и ги пренеле во болница. Официјални лица велат дека во автобусот имало 20 луѓе.
Фотографиите споделени на социјалните мрежи покажуваат дека спасувачите се обидуваат да ги спасат преживеаните од згмеченото тело на жолтиот автобус. Не се знае точната причина за несреќата.
Индискиот премиер Нарендра Моди изрази жалење поради несреќата.
Сообраќајните несреќи со фатални последици се чести во Индија поради лошо одржуваните патишта и застарените возила. Секоја година над 110.000 луѓе умираат во сообраќајни несреќи низ Индија, според полициските податоци.