Австриското Министерство за одбрана отпушти „антиваксерка“

Австриското Министерство за одбрана отпушти една припадничка на австриската армија откако учествувала во протести на антиваксери и ширела теории на заговор, повикувајќи на отпор кон епидемиолошките мерки.

Фото: ЕПА

Отпуштената на својот фејсбук-профил повикува на отпор кон „корона-диктатурата“, како и на демонстрации против вакцинацијата, а преку социјалните мрежи шири теории на заговор.

Станува збор за офицерка на австриската армија што до неодамна беше вработена во Министерството за одбрана како советник.

Портпаролот на Министерството за одбрана Мајкл Бауер соопшти дека институцијата го раскинала договорот за вработување со жената, во согласност со законскиот рок од пет месеци, бидејќи ги прекршила работните обврски.

Отпуштената жена најави дека со сите правни средства ќе се бори против отказот.

Таа на својот фејсбук-профил најави и дека ќе изнесе докази против „корона-диктатурата“, односно против власта.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе