Австрискиот претседател за „провокативната“ американска политика кон Иран: Никој во Европа не сака нов Ирак (ВИДЕО)

Американската безобѕирна кампања на максимален притисок врз Техеран е длабоко провокативна и им штети на мешународните односи, кажа австрискиот претседател Александер ван дер Белен, предупредувајќи против голема „криза“.

На заедничката прес конференција со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, Ван дер Белен денес зборуваше против американските санкции кон Иран истакнувајќи дека таквата политика „не им помага на меѓународните односи“ и го еродира системот на глобалните договори.

„Фактот што САД се повлекоа од Иранскиот нуклеарен договор генерално ја поткопува довербата во овој договор“, им кажа тој на новинарите.

Австрискиот претседател призна и дека Европа досега „не успеала да создаде механизам со кој ефикасно би се заобиколиле американските рестрикции“, додавајќи дека создавањето таков инструмент е „многу тешка задача“.

„Ако Америка продолжи да врши притисок врз Иран, ризикува целата ситуација да се претвори во нова голема криза, како со Ирак пред неколку години“, предупреди австрискиот лидер без да елаборира.

Изјавата на Ван дер Белен доаѓа во време на засилени стравувања од избивање воен конфликт меѓу САД и Иран.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе