Австрискиот министер за внатрешни работи призна пропусти во работата на полицијата

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека со анализата на добиениот видео материјал е потврдена теоријата за еден напаѓач кој го изврши терористичкиот напад во Виена и призна дека имало пропусти во работата на безбедносните служби.

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

На денешната прес-конференција, Нехамер рече дека се точни информациите дека словачката разузнавачка служба летоска ја известила австриската Служба за заштита на уставноста и борба против тероризмот (БВТ) за обидот на тоа лице да купи муниција.

„Очигледно дека во следните чекори дошло до проблеми во комуникацијата“, рече министерот.

Нехамер најави дека ќе му предложи на Националниот совет за безбедност на Австрија формирање на независна истражна комисија што треба да го расветли случајот.

Тој рече дека се работи на реформа на БВТ и дека истражната комисија ќе биде поддршка во реформите да се вклучи сè како и во врска со пропустите во сегашниот случај.

Нехамер рече дека за време на истрагата во врска со терористичкиот напад полицијата извршила претрес во бројни станови на лица од опкружувањето на убиениот напаѓач и дека уапсила 14 лица на возраст од 18 до 28 години.

Сите, додаде тој, имаат мигрантско потекло и делумно немаат австриско државјанство.

„Против нив се води истрага во врска со терористичко здружување“, рече Нехамер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе