Австриски министер: Остануваме неутрални кога станува збор за влез во НАТО

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг рече дека неговата земја ќе го задржи неутралниот статус иако Шведска и Финска направија целосен пресврт во својата надворешна политика и побараа членство во НАТО поради руската инвазија на Украина.

Фото: ЕПА

„Кај нас ситуацијата е малку поинаква“, рече Шаленберг во интервју за германското радио Дојчландфунк, наведувајќи ја огромната поддршка на јавноста за австриската неутралност.

Шаленберг, чија земја 80 отсто од потребите за природен гас ги задоволува од Русија, рече дека Австрија повеќе би сакала да продолжи да обезбедува хуманитарна помош за Украина наместо да испраќа оружје.

„Ние помагаме многу, но не со оружје. Верувам дека помошта за Украина не може да се сведе само на воено наоружување“, рече тој.

Претходно денеска, Шведска и Финска официјално поднесоа барања за членство во НАТО, што е една од најзначајните промени во безбедносната архитектура на Европа во последните неколку децении. Финска со Русија дели граница долга 1.300 километри.

Швајцарија, која не е членка на ЕУ и е позната по својот неутрален статус, исто така се стреми кон приклучување кон воениот сојуз, изјави претставник на министерството за одбрана за Ројтерс на почетокот на овој месец.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе