Австриски хотел во карантин поради коронавирусот

Австралиските власти ставија во карантин хотел во австрискиот туристички центар Инсбрук, главниот град на покраината Тирол, во центарот на Алпите, каде работела италијанска рецепционерка заразена со коронавирусот, јавуваат медиумите.

Портпаролката на тиролската влада не открила каде работела Италијанката, но австриските медиуми објавија дека станува збор за Гранд Хотел Европа со 108 соби, лоциран во центарот на градот.

„Никој не може да влезе ниту да замине додека властите утврдуваат со кого била во контакт“, рече портпаролката за агенцијата Франс прес, додавајќи дека е изолиран и станот во истиот град каде што живеела девојката.

Италијанката и нејзиниот партнер, исто така Италијанец, сместени се во карантин во градската болница каде им бил дијагностициран новиот коронавирус, изјави Гунтер Вајс, директор на универзитетската клиника за интерна медицина во Инсбрук.

Ова се првите два случаи на коронавирус во земјата.

И Италијанката и нејзиното момче, двајцата на 24-годишна возраст, пристигнале во петокот со автомобил од Ломбардија, од каде потекнуваат, во Австрија. Ломбардија е една од најпогодените италијански покраини со епидемија.

Тие стапиле во контакт со здравствените служби кога добиле температура, рече Вајс, додавајќи дека таа во меѓувреме паднала.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе