Австриската опозиција го нападна Курц: „Би било важно канцеларот од ‘јас’ да прејде на ‘ние’“

Австриската опозиција, од која зависи дали канцеларот Себастијан Курц ќе остане на власт, го нападна денес младиот конзервативец кој брзо ги смени министрите од десничарската партија до новите избори со технократи.

Курц вчера ја однесе почетната победа во борбата за власт со екстремно десната Партија на слободата (ФПО), откако ги смени нивните министри за внатрешни работи поради скандалот што доведе до пад на лидерот на ФПО и распад на коалицијата на ФПО и Народната партија (ОВП) на Курц.

Но, Курц сега мора да придобие поддршка од опозициските социјалдемократи или лутата ФПО за во понеделник да го преживее гласањето за доверба што би можело да му нанесе сериозен удар воочи предвремените избори кои се очекуваат во септември.

„Би било навистина важно канцеларот од ‘јас’ да прејде на ‘ние’“, рече заменичката на претседателот на парламентот Дорис Бурес, влијателна социјалдемократка.

Нејзината партија соопшти дека Курц не се консултирал за изборот на експерти кои денес ги преземале своите функции, вклучувајќи го и Министерството за внатрешни работи и одбрана. Министерката за надворешни работи Карин Кнајсл, која е кандидирана од ФПО, но не е членка на таа партијата, ја задржа функцијата.

Новите министри, меѓу кои и поранешен судија и двајца со врски со СПО, во канцеларијата на претседателот Александер Ван дер Белен попладнево дадоа свечена заклетва.

Бидејќи во саботата се распадна коалицијата на десницата и крајната десница по објавувањето на тајната видео снимка која го компромитира националистичкиот лидер Хајнц Кристијан Штрахе, политичката криза во Австрија се прошири и сега му се заканува на канцеларот Курц.

Предлогот за гласање на недоверба е поднесен од страна на малата опозициска партија Јетц (Зелени), но социјалдемократите и екстремно десничарската ФПО не ја исклучија можноста да ѝ обезбедат поддршка, што ќе им овозможи да добијат мнозинство и да го соборат претседателот на владата пред предвремените парламентарни избори.

Kанцеларот ги најави изборите по објавувањето на делови од видео снимката на која претседателот на ФПО Штрахе во Ибица, во Шпанија 2017 година во разговор со наводна руска претприемачка нуди предност во доделувањето јавни тендери во Австрија.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе