Австриска партија бара „политичкиот ислам“ да се забрани со закон

Австриската народна партија (ОВП) на Себастијан Курц најави дека сака со кривичен закон да му се застане на патот на екстремизмот и да се забрани т.н. политички ислам.

Во планот за борба против секаков вид екстремизам особено внимание му се посветува на политичкиот ислам, но и на десничарското движење Идентитаристи.

ОВП бара политичкиот ислам да биде забранет со закон и планира да изврши притисок за претходно побараното расформирање на „идентитаристите“.

За таквите групи да може полесно да се разбијат, ОВП се обидува да го измени законот за здруженија.

Здруженијата, според планот, ќе може да се забранат и да згаснат доколку со нив се шират „екстремистички погледи“.

„Штом ќе бидат утврдени екстремистички непријателски ставови и кон државата Австрија, на надлежните органи треба да им се даде можност да распуштат некој клуб. Ова се однесува пред сè на идентитаристите“, рече членот на ОВП Карл Марер.

Тој посочи дека менувањето на законот за здруженија не било можно во коалицијата со Слободарската партија на Австрија (ФПО), а сегашниот закон не е доволен за забрана на таквите клубови.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе