Австрија спроведува истрага против 21 лице поврзано со терористот од Виена

Австриските истражители спроведуваат истрага над 21 лице за можна поврзаност со неодамнешниот терористички напад во Виена, објавено е во петокот, но истражителите сè уште претпоставуваат дека атентаторот нападот го извршил сам.

„Претпоставуваме дека Кујтим Фејзулаи немал директни соучесници во нападот, туку дејствувал сам. Колку луѓе имале увид во неговите планови, истрагата допрва треба да покаже“, рече шефот на истражната група „2 Ноември“ Мајкл Лонегер на конференција за печатот.

Шефот на истрагата во Австрија изјави дека во моментов се испитуваат 21 можен соработник на виенскиот атентатор кои треба да покажат дали и во колкава мера биле запознати со неговите планови за нападот за време на кој тој уби четири лица и рани над 20 лица, во убиствениот поход во центарот на Виена.

„Десетмина се во притвор, а за другите 11 немаше доволно конкретни докази за притвор“, соопшти канцеларијата на Државното обвинителство во Виена.

Истрагата откри дека атентаторот имал врски со исламисти во Германија и Швајцарија и дека на почетокот на летото се обидувал да набави муниција за автоматско оружје во Словачка.

Сторителот на нападот (20), роден во Виена со албанско етничко потекло, кој имал и македонско државјанство, пред десетина дена нападна луѓе на улиците во центарот на Виена, вооружен со автоматска пушка, пиштол и мачета.

Засега е непознато како стигнал во центарот на Виена со оружјето, но се верува дека не користел јавен превоз.

По нападот, Австрија призна дека словачката разузнавачка служба ја известила дека сторителот се обидел да купи муниција и дека се сретнал со двајца исламисти од Германија и уште двајца од Швајцарија.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе