Австрија се плаши да не ѝ дојдат бегалци од Косово и Албанија

Министерката за надворешни работи на Австрија Карин Кнајсел изрази загриженост поради актулениот развој во Албанија и на Косово, односно порастот на бројот на бегалци.

Таа истакна дека веќе со недели ги анализира извештаите на амбасадите на Австрија кои укажуваат на силен пораст на бројот на бегалци од тие земји. Истакна дека емиграциите во иднина сѐ помалку ќе бидат предизвикани од војни, а сѐ повеќе од тоа што „луѓето дома не можеле да си создадат статус“.

Емиграциите од северна Африка и Блискиот Исток, според Кнајсел, не се предизвикани од војни. „Она што ситуацијата ја прави особено тешка е демографскиот развој“, истакна таа во изјава за германски Хандесблат.

За да се совлада можниот нов бран неопходно е уште многу да се направи, смета таа и додаде дека минатото лето покажало дека постоечките капацитети не се доволни. Владата на Австрија поради тоа ќе обезбеди да нема повеќе неконтролирани преминувања на границата, бидејќи никому не му е во интерес да се повтори ситуацијата од 2015 и 2016.

Од друга страна претседателот на Австрија Александер ван дер Белен не гледа нов бран бегалци. Тој при посетата на Амнести интернешнал во Австрија кажа дека никаков нов бран бегалци не ѝ претстои на Европа. „За толкав број не може ни да се зборува“, истакна Ван дер Белен.

Австрија зазема цврст став дека ЕУ мора повеќе да направи за драстично да се намали приливот на емигранти во Унијата. Австрискиот канцелар Себастијан Курц вчера изјави дека веќе некое време се разговара, и тоа доверливо, за формирање центар за емигранти во Европа, но надвор од границите на ЕУ. Листата на тие земји не е долга, на неа е и Македонија, а австриските медиуми ја истакнуваат Албанија како можна земја за изградба на тој центар. Курц на тоа одговори кратко: „Ќе видиме“.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе