„Одлучивме да го следиме мислењето на стручната комисија и да го суспендираме текстот на законот кој не е пропорционален на опасноста на омикрон варијантата на коронавирусот“, кажа министерката за ЕУ и уставот Каролине Едштадлер на прес-конференција во Виена.
Австрија е една од ретките земји кои воведоа задолжителна вакцинација.
„Владата уште еднаш ќе ја анализира својата политика на вакцинација за три месеци и понатаму ја има опцијата за флексибилна реакција на развојот на настаните“, им кажа на новинарите Јохан Раух, кој оваа недела беше именуван за министер за здравство.
И тој и Едштадлер кажаа дека мерката може повторно да биде воведена ако е потребно.