Австрија се нуди за домаќин на средбата на Путин и Бајден

Австрискиот канцелар Себастијан Курц повторно се понуди да биде домаќин на самитот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот Џо Бајден.

EPA-EFE

Курц понуди самитот да се одржи во Виена, објави Кремљ по телефонскиот разговор на Курц и Путин.

Покрај Австрија, и Финска е спремна да биде домаќин на самитот, а им се придружи и Швајцарија. Бајден го повика Путин на средба во трета земја, додека растат тензиите меѓу Москва и Вашингтон. Бајден предложи самит во текот на летото во некоја европска земја. Кремљ сè уште не потврдил дали Путин е спремен да учествува на самитот.

За време на разговорот Курц и Путин разговарале и за ситуацијата во источна Украина и за рускиот опозиционер Алескеј Навални, соопшти Кремљ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западот може да му послужи на остатокот од светот како изложба на ужасни и очигледно неуспешни идеи, меѓу кои се и комунизмот, фашизмот, нацизмот, феминизмот, анархизмот и, во последно време, либерализмот.

повеќе

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе