Австрија протера руски дипломат обвинет за шпионажа

Австрија презема чекори кон протерување руски дипломат, објави денес портпаролот на австриското министерство за надворешни работи во реакција на извештајот дека Русинот бил економски шпион.

EPA-EFE

„Причината за тоа е што неговото дејствување не било во согласност со Виенската конвенција“, изјави портпаролот на австриското министерство мислејќи на меѓународниот договор кој ги регулира дипломатските права. Тој одби да даде дополнителни детали.

Австрискиот весник Кронен цајтунг пишува дека дејствувањето на рускиот дипломат било откриено откако Австриец вработен во технолошка компанија признал дека шпионирал за него.

Новиот дипломатски потег на Виена се случува два месеци откако пензиониран австриски воен офицер беше осуден на три години затвор бидејќи во одвоен случај шпионирал за Русија.

За разлика од другите западни држави, Австрија е традиционално во блиски односи со Русија која преку гасоводот во близина на Виена ја снабдува Западна Европа со значителни количества природен гас.

Во австриската престолнина се сместени голем број руски дипломати бидејќи таму ја претставуваат својата земја во организациите на Обединетите нации и во Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ).

Руската амбасада на протерувањето на својот дипломат реагираше на Твитер: „Огорчени сме од неоснованата одлука на австриските власти која им штети на конструктивните односи“.

Русинот се повикал на дипломатскиот имунитет и одбил да даде изјава.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе